Директорите на полициите на Македонија и на Словенија во прифатниот центар во Гевгелија
Директорите на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски и на словенечката полиција Марјан Фанк денеска го посетија словенечкиот конингент на полициски службеници во прифатниот Центар Винојуг во Гевгелија.
Како што соопшти денеска МВР, Савовски и Фанк се информирале за соработката помеѓу македонските и словенечките колеги, тековната состојба на границата и протокот на мигранти. Инаку, освен словенечки полицајци во моментот на границата има и 31 полицаец од Унгарија.
На средбата директорите на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски и на словенечката полиција Марјан Фанк разговарале и за унапредување на соработката во сите сфери на полициското работење, како и за одржување средба помеѓу сите полициски директори на рутата на движење на мигрантите со цел поефективно и поефикасно справување со мигрантската криза.
Ново на Сител
-
Ненадејно почина психијатарот и ексдиректор на „Здравствен дом Скопје“ Виктор Исјановски
-
Пет активни пожари претпладнево во земјава
-
Евробаскет: Втори победи за Србија и Финска
-
26-годишен скопјанец приведен во станица, се заканувал на лекар
-
Скопјанец лишен од слобода, поранешната сопруга го пријавила за закани и физички напад
-
Поранешен претседател на украинскиот парламент убиен во Лавов
-
Попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-
ЕУ останува поделена санкциите за Израел поради војната во Газа