Дипломатскиот скандал меѓу Турција и Холандија се пренесе во интернет просторот

Дипломатскиот скандал меѓу Турција и Холандија денеска се пренесе и во интернет просторот, откако мноштво налози на Твитер на водечки организации ширум светот беа погодени од кибер-напади.
На страниците на организациите, меѓу кои и Европскиот парламент, „Амнести интернешнал“ и „Форбс“ се појавија антинацистички пораки на турски јазик.
При нападите, што личат на форми на политички вандализам, беа користени хаштаговите #Nazialmanya (нацистичка Германија) и #Nazihollanda (нацистичка Холандија).
Со кибер-нападите, со голема веројатност извршени од страна на поддржувачите на политиката на турската Влада, биле погодени и налозите на Твитер на претставништвата на УНИЦЕФ и на „Би-Би-Си“ во САД, претставништвото на „Ројтерс“ во Јапонија, на германскиот весник „Билд“, како и на Светската метеоролошка организација, јави ТАСС, повикувајќи се на телевизија „Си-Ен-Би-Си“.
Исто така, бил нападнат и налогот на Твитер на канадскиот пејач Џастин Бибер, посочува телевизијата.
Американските медиуми забележуваат дека нападите врз налозите на Твитер веројатно немаат никаква врска со скандалот меѓу Турција и Холандија.
Ново на Сител
-

Продолжува судeњето за „Пулс“ - родителите на загинатите дојдоа со транспарент пред судницата
-

Адем Чучуљ ја превзема претседателската функција во ДКСК, ќе работи на враќање на интегритетот на институцијата
-

На посебна веб страна ќе се следи реализацијата на проектите на општините финансирани од Владата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Николовски набавил поскапо жито за стоковите резерви за 1,3 милиони евра, откако Заев и Филипче му го отпишаа кусокот
-

Злоупотреби на партиите за време на изборите
-

Саем за кариера во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Крајот на декември ќе се одлучува за зголемување на минималецот
