Димовски: Подготвени сме ако има договор уште утре да ги тераме следните постапки
Досегашната пракса на работа нa Собранието на Република Македонија во последните 25 години говори дека претседател на Комисијата за избори и именувања секогаш е од најголемата пратеничка група, рече попладнево Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на денешната координација во Собранието.
- Претседателското место во Комисијата секогаш без исклучок припаѓа на најголемата пратеничка група. Спремни сме ако има договор уште утре да ги тераме следните постапки и процедури во работата на Собранието, изјави Димовски.
Тој посочи дека во праксата на работата на Собранието имало примери кога за претседател на Собранието бил биран пратеник од втората, третата или четвртата партија по број на пратеници, но никогаш немало претседател на Комисијата за избори и именување од партија со помал број на пратеници.
- Во досегашните 25 години нема исклучок од ова правило, а бројот на пратеници, членови на комисиите не е во милост на една партија спрема друга, туку е одлука на граѓаните врз база на егзактна математика. Соодносот 6:5:1:1 не е заради задоволството на СДСМ да покаже гест, туку е последица на изборните резултати од 11 декември, рече Димовски.
Соодносот, нагласи, ниту беше, ниту може да биде предмет на разговор бидејќи е егзактен и се применува со години наназад.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Благоев, верски аналитичар и историчар од Софија
-
Коце Трајановски нов директор на Државни патишта, СДСМ критикува
-
Чибишев и поднел пријава на Бесија Иљази зошто незаконски им исплатила 650.000 денари на договорците
-
Судскиот совет има напредок, но и уште многу работа - Реакции на меѓународната заедница
-
Радев: Мицкоски нема познавање од меѓународно и уставно право
-
Приватните превозници нема да возат, бараат исплата на долг од над 2 милиони евра
-
Ни волшебно стапче нема да помогне за учениците во седмо одделение да имаат нови учебници
-
Преглед на вестите од светот