Македонија
4. July 2024 - 16:29

Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво

Приватните превозници ќе возат секој ден до 11 часот, додека од ЈСП не им префрлат пари за гориво. Возачите и денеска ги паркираа автобусите еден час пред пладне. Тврдат дека претпријатието им должи вкупно 110 милиони денари на трите фирми кај кои се распоредени приватниците.

„Должни сме да потенцираме дека долг од 140 милиони денари во ЈСП кон приватните превозници нема. Моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони и редовно се исплаќаат авансни средства, а тоа не е сериозен проблем од причина што големи суми се побаруваат во континуитет поради големите трошоци за нафта, односно секој месев одприлика околу 35 милиони месечно се фактурираат од превозниците во континуитет“, стои во соопштението на јавното сообраќајно претпријатие.
Енигма е и каков исход имала средбата меѓу новиот директор на претпријатието и приватните превозници. Од ЈСП велат дека вродила со плод, шоферите демантираат.

Приватниците предупредуваат дека од следната недела постепено ќе се намалува времето до кога работат, а постои опасност и воопшто да не возат, доколку не добијат пари на сметките.