Македонија
4. July 2024 - 11:23

Приведени две лица, претрес во Штип, пронајдена дрога

Во Штип синоќа во 21.00 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија на дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода А.П.(36) и К.П.(32), двајцата од Штип.

Како што денеска информираа од МВР, при претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.