Димоски: МВР е фокусирано на пронаоѓање на одговорните за демолирањето на бугарскиот клуб во Охрид
– Полицијата е фокусирана на пронаоѓање на сторителите, кои го извршиле оштетувањето на стаклото од излогот на седиштето на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ во Охрид, по што ќе поднесе соодветна пријава, изјави за МИА портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Тој посочи дека остануваат на вчерашното соопштение дека кај нив било пријавено оштетување на стаклото на седиштето на здружението, лоцирано на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид и оти по пронаоѓање на сторителите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Оштетувањето на стаклото и дел од светечката реклама на клубог „Цар Борис Трети“ во Охрид, кое било направено со тврд предмет, во полицијата е пријавено вчера во 2 часот и 5 минути.
Бугарски медиуми објавија видео на кое се гледа како три маскирани лица фрлаат со тврди предмети кон излогот на клубот. На ова негово второ оштетување по отворањето, вчера со осуда реагираше и бугарското Министерство за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Хоспитализираниот тренер на Унгарија е во добра состојба, откако му се слоши на мечот со Холандија
-
Руската опозиција во Берлин ги организира првите антивоени демонстрации во странство
-
Мицкоски:Изразена волја од двете страни за доближување на ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина
-
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот
-
Костадиновски: 33 години од донесување на првиот Устав, овој ден нека е потсетник на обврската да се сочува системот на вредности
-
Двајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници