Балкан
29. March 2018 - 14:52

„Висок е“ – како Харадинај објаснил зошто РОСА претепала српски министер

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјавил дека полицијата не го препознала косовскиот министер за земјоделство, Ненад Рикала кој е повреден за време на апсењето на Марко Ѓуриќ во Косовска Митровица.

- Тој е висок, кога полицијата го видела, сигурно не го препознала, мислеле дека е некој специјалец- рекол Харадинај на седницата на влада, пренесува приштински Зери.

Тој ги повикал сите да гледаат напред, бидејќи, како што рекол, сите мораат да живеат заедно на Косово, во мир.

- Ние немаме никаква причина да работиме тајно. Отворен сум за непрекинат дијалог- рекол Харадинај.

Заменик  на премиерот, Далибор Јевтиќ на таа седница барал истрага и одговорност за случувањата во Косовска Митровица.

Харадинај рекол дека ја разбира загриженоста во врска со тоа.

- Разбираме дека сте загрижени и тука сме да се погрижиме за тоа. Албанците како мнозинство, заинтересирани се за мир – оценил Хардинај.