Балкан
17. November 2024 - 13:20

Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица

Денеска точно на пладне, започна големиот протест во Нови Сад на кој се бара одговорност за падот на настрешницата од Железничката станица, кога на 1 ноември загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени.

Организиран е од младински активистички организации. За време на протестот до 18 часот ќе биде блокиран преминот кај Железничката станица.