Македонија
31. March 2025 - 18:14

30-годишна струмичанка нападната од женско лице по недоразбирање во сообраќајот

На 30.03.2025 во 21.35 часот во СВР Струмица, К.С.(30) од Струмица пријавила дека околу 19.50 часот, во Струмица, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно женско лице.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.