Македонија
23. May 2020 - 21:25

Димитров: Зборувавме со НАТО и ја поправија грешката

По критиките во јавноста дека во графата за државјанство НАТО ја користи формулацијата „граѓани на Северна Македонија“, реагираше Министерството за надворешни работи.

Министерот Никола Димитров на својот Твитер-профил информираше дека станува збор за грешка која е поправена.

„Зборувавме со НАТО и ја поправија грешката. Благодарност до добронамерните на укажувањето. За некои пак, веќе нема да има причина за (зло)радост. Инаку, графата е за државјанство, не за етнички идентитет. Nationality и citizenship се синоними, иако националност и државјанство не се“, напиша Димитров.