Димитров во посета на САД
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, кој од вчера е во работна посета на Вашингтон, САД, денеска ќе се обрати на трибина посветена на иднината на Македонија и Југоисточна Европа, организирана од Атлансткиот совет на САД.
Како што соопшти, МНР, Димитров во рамки на работната посета ќе има повеќе средби со претставници на американската администрација, Конгресот и тинк-тенк заедницата.
На покана на државниот секретар на САД, на 6 февруари, во Вашингтон, делегација на Република Македонија ќе учествува на Министерскиот состанок на Глобалната коалиција за борба против ИСИС.
Тема на состанокот ќе бидат резултатите од повеќегодишните напори и соработката во рамките на Коалицијата за борбата против ИСИС во Ирак и Сирија, како и за идните чекори за стабилизација и одржување на мирот во регионите кои биле претходно зафатени од делувањето на ИСИС.
Ново на Сител
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
Мицкоски: 2 август – Денот на Републиката е ден на обединување
-
Филипче: Продолжува борбата за европската интеграција
-
Охрид полн со гости за Илинден
-
Министри во трка за локалните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее