Димитров се сретна со новата амбасадорка на Шведска, Кристин Форшгрен Бенгтсон
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ја прими новоименуваната амбасадорка на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Кристин Форшгрен Бенгтсон, која му ги предаде копиите на акредитивните писма.
Од МНР соопштија дека Димитров и’ посакал срдечно добредојде и успех во вршењето на функцијата, изразувајќи увереност дека односите меѓу двете пријателски земји ќе продолжат успешно да се развиваат и за време на нејзиниот мандат. Притоа, министерот Димитров се заблагодарил за континуираната поддршка на Шведска во евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија. Во таа насока изразил очекување за засилена поддршка на Шведска во претстојниот период со цел позитивна одлука на Европскиот совет во октомври.
Амбасадорката Бенгтсон изразила задоволство од можноста лично да придонесе во зајакнување на македонско-шведското пријателство и да почне со својата работа во овој значаен период за нашата држава. Таа ја повторила поддршката на шведската Влада за продолжување на нашата реформска агенда и што поскоро остварување на нашите стратешки цели.
Ново на Сител
-
Марко Чадеж награден за придонес во развојот на регионалната соработка
-
Серија земјотреси почувствувани во Албанија
-
Најмалку шестмина загинати во последните руски напади врз Украина
-
СУТКОЗ: Вината не е кај вработените во комунално, нема доволно камиони за собирање ѓубре, платите доцнат, раководството да одговара
-
Русија побарала од МААЕ да помогне во прекин на огнот поради нуклеарната централа Запорожје
-
Голема полициска акција во Србија против криминалци на повеќе од 30 локации низ државата
-
Прекин во водоснабдувањето за корисниците на неколку улици во Скопје
-
Промоција на Водич за декарбонизација за мали и средни претпријатија во земјава