Димитриевски на„Born 2 run“: Поголема поддршка за младите
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска ги отвори трките „Born 2 run“ – настан, кој четврти пат се одржува во Куманово. Тој истакна дека една од главните одлики на овој град се спортските навики и мултикултурализмот кои се негуваат.
– И во претходниот мандат, но и во следните четири години продолжуваме да ги унапредуваме правата и можностите на младите. Минатата година, го отворивме првиот Младински центар во државата, а веќе во овој момент подготвуваме отворање на канцеларија за млади, која ќе биде лоцирана спроти старата печатница. Во план, исто така е Tech Center кој ќе биде лоциран на поткровјето на затворениот градски базен. Нашата цел е да овозможиме поголеми можности на младите, како на полето на едукацијата, така и на полето на спортот. Се заблагодарувам на сите млади кои зедоа учество во овој настан и посакувам врвни резултати, рече Димитриевски.
Извршниот директор на Центарот за интеркултурен дијалог-Куманово Нами Исаки упати најголема благодарност до Oпштина Куманово, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Македонскиот Олимписки Комитет, СВР Куманово, Здравствениот дом, како и до Црвениот крст за поддршката на овој настан.
Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) денеска ја организираше трката „Born 2 Run 2021“, чија главна цел е да ги собере младите од Куманово и државата на едно место и да понуди можност да спортуваат, да се дружат и да креираат нови позитивни искуства.
Ново на Сител
-
Tема на денот со Владимир Божиновски
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите
-
Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт
-
Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми