ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

- Навреме се отворени сите избирачки места и процесот на гласање за Локалните избори се спроведува без проблем, соопшти изутринава Државната изборна комисија (ДИК).
Гласањето почна во 7 часот, а ќе трае до 19 часот.
Се гласа на 3 474 избирачки места, на кои до 19 часот правото на глас можат да го искористат 1 832 415 граѓани.
На локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.
Вчера, ден пред изборите, гласаа затворениците, лицата во домашен притвор, болни и немоќни лица и лица во старските домови.
ДИК најави дека првите согледувања за текот на гласањето и за излезноста ќе ги објави на прес-конференција во 09:30 часот.
Првичните резултати од локалните избори ДИК треба да ги соопшти во рок од 12 часа.
МИА
Ново на Сител
-

Токсиколозите со предупредување - во сезоната на печурки внимавајте какви плодови собирате!
-

Се бара решение за 550 вработени во „Лукоил Македонија“
-

Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања“
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски на ја коментира работата на историската комисија
-

Николоски: Силно сме посветени на туризмот
-

Бислимовски: МЕПСО побара минимално зголемување на цената на струјата
-

Нов парк во Бутел
