ДИК: Излезноста до 18:30 изнесува 48,88 %
Излезноста до 18:30 часот на вториот круг на локалните избори 2021 е 48,88 проценти. На гласање излегле вкупно 558 .943 граѓани, изјави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски.
Најголема излезност има во Вевчани – 81,2 проценти, потоа во Росоман – 80,81 процент и Демир Капија – 80,37 проценти, додека во останатите општини излезноста е под 78 проценти. Најмала излезност има во Сарај – 28,12 проценти.
– Сметам дека сите се уверивме дека имавме успешен и мирен гласачки ден, со изолиран број на инциденти, кои не се организирани. Имавме фер и демократско гласање, каде видовме дека уредите за биометриска идентификација на гласачите работеа беспрекорно, освен некои случаи сабајле, кои се регулираа и веќе не се повтори тоа, изјави Даштевски.
Да почекаме, нагласи Даштевски, да се пребројат резултатите и да заклучиме дека денот помина успешно.
Тој информираше дека гласањето ќе се продолжи во Центар на избирачко место – 2867/1 за два часа и 55 минути , во избирачкото место 2831 – два часа 55 минути и во избирачкото место 2815 два часа и 55 минути.
Во Сарај гласањето ќе се продолжи на избирачкото место 2433 – два часа и 45 минути, на гласачкото место 2435 – два часа и 45 минути, на гласачко место 2438 два часа.
Во Карпош гласањето ќе се продолжи на избирачкото место 2652 – два часа и 30 минути, во Чешиново – Облешево на гласачко место 0887 – еден час и 11 минути, во Зелениково на гласачко место 2373 – два часа и 15 минути, во Пробиштип на избирачко место 1566/1 еден час и 55 минути и избирачко место 1572 два часа.
Во Долнени гласањето ќе се продолжи на избирачкото место 1471 еден час и 30 минути.
До ДИК, како што информираше Даштевски, пристегнале 739 приговори, од кои 642 се прифатени, 45 одбиени и за 52 е констатирано дека се во избирачки список, гласачите кои ги поднеле.
Ново на Сител
-
Од 3,5 на 2 години намалена казната затвор за Пајазити за прегазувањето на 22-годишната Теодора
-
Таткото на Вања: Полицајци ме правеа ретардиран, ме убедуваа се регрутирала во ИСИС заминала за Шведска
-
Александар Гавриловски од Пробиштип е 61-вата жртва на трагедијата во Кочани
-
Таравари: Немаме понуда од „Влен“ да се споиме во една партија, ако тие сами одлучиле, нека го задржат името „Влен“
-
Макрон: Русија треба да престане да ги одложува тактиките и да прифати примирје со Украина
-
Зеленски: Путин не сака крај на војната
-
61-ва жртва на трагедијата во Кочани
-
Во Дуизбург 17 училишта останаа затворени поради закани од екстремната десница