Дезинфицирани 600 куќи во Стајковци, проценети штетите во 450 домови
Во санирањето на штетите од последиците од поплавите во скопското село Стајковци моментално се ангажирани 78 машини, околу 600 доброволци и сезонски и комунални работници и околу 150 припадници на армијата. Сите улици се пробиени и остануваат уште триесетина куќи од кои треба да се испумпа водата.
Mинистерот за труд и социјална политика Диме Спасов во разговор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при денешната посета на селото, информира дека расчистени се голем дел од улиците, а во моментот се работи на три кои се најкритични. Тој рече дека од вчера е почнато и со ноќни смени во расчистувањето на терен.
- На околу 600 куќи е завршена дезинфекцијата. Во селото има околу 1.050 куќи, од нив околу 750 беа поплавени, така што денеска или утре очекуваме да заврши дезинфекцијата на сите куќи. Интензивно се врши и проценката на штетите и досега е извршена кај 450 куќи. Најважно е што согласно последната одлука на Владата населението целосно ќе биде обесштетено, рече Спасов.
Груевски оцени дека од голема помош за населението е стопроцентното обесштетување, а ќе им помогне и авансното, затоа што за целосното обесштетување ќе бидат потребни неколку недели.
Во деловите каде се уште се ресчистува се дистрибуира храна за населението, а во деловите каде има струја и вода работите се враќаат во нормала. Електрична енергија е пуштена на 80 проценти од домовите, додека вода има.
Во однос на состојбата со улиците беше информирано дека сите улици се пробиени, од нив 50 проценти се целосно расчистени, а се работи на останатите каде граѓаните во изминатите неколку дена во континуитет го одложуваат отпадот од домовите.
Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски рече дека веќе е во план миење на улиците, откако ќе бидат отстранети целосно отпадот и калта од нивната површина. За таа цел ќе бидат ангажирани 10 цистерни на градот, како и четири возила од противпожарната единица.
Ново на Сител
-
ДЗС: Бројот на работници во индустријата намален за 4%
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици
-
Оваа школска година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици
-
Охрид доби ново училиште
-
Филипче: Не се откажуваме од резолуцијата со црвени линии, до крајот на неделата документот ќе влезе во Собрание
-
Шумските пожари досега предизвикале штета од една милијарда денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука