-->
-->
Девојката на Гринвуд од Манчестер јунајтед тврди дека ја тепал
-->
Хариет Робсон, девојката на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, го обвини фудбалерот за насилство.
Робсон на социјалните мрежи објави серија видеа и фотографии на кои покажа дека има бројни модринки по телото, а усната и е раскрвавена.
– Ова е тоа што Мејсон Гринвуд навистина ми го прави – напиша девојката под видеото.
Робсон на својот Инстаграм објави и аудиоснимка на која се слуша машки глас, кој најверојатно му припаѓа на напаѓачот на Манчестер јунајтед. На оваа снимка може да се слушне дека маж грубо се обидува да ја убеди девојка да имаат сексуални односи против нејзина волја.
Во сезоната 2021/22, Гринвуд настапи на 24 натпревари за Манчестер јунајтед, постигнувајќи шест гола и две асистенции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица
-
Нови линии и нови авиони