Детектор: Средна оценка 2.5 за владеењето на правото во Македонија

Секој трет граѓанин се соочил со повреда на неговите права, но само третина од нив добиле решение за својот проблем пред институцијата до која се обратиле. Ова го покажува истражувањето на јавното мислење посветено на владеењето на правото, што за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
36 проценти од граѓаните велат дека во последниве 5 години, тие или некој близок, имале одреден проблем, со повреда на нивните граѓански права. Од нив 75 проценти се обиделе да го решат проблемот пред институциите, а останатите не преземале никакви чекори за решавање на состојбата. Од оние кои преземале мерки 30 проценти се обратиле до државна институција, 26 проценти до суд, 15 проценти до Народниот правобранител и 14 проценти до полиција. 10 проценти граѓани побарале решение преку медијатор.
Висок е процентот на граѓани кои велат дека проблемот сепак не им бил решен. Таков одговор даваат 66 проценти од испитаниците, наспроти 27 проценти кои велат дека дошле до решение.
Висок процент 41 велат дека не знаат каде да се обратат доколку им бидат повредени правата. додека од останатите, најголем процент 25 проценти велат дека би се обратиле во полиција.
Во анкетата испитаниците одговараат каква оценка од 1 до 5 даваат за почитувањето на основните принципи на владеењето на правото.
Владата според оваа анкета добива средна оценка 2.75 за отчетност и одговорност пред законите. Слична оценка 2.72 добива за транспарентност и одговорност при носење на одлуките. Принципот на постоење на закони кои важат еднакво за сите според испитаниците има оценка 2.47. Слична оценка даваат и за имплементацијата на принципот на компетентност, неутралност и неселективност при носење судски одлуки
Анкетата за Детектор ја спроведе ИПИС, телефонски од 24 до 27 декември 2024 година на репрезентативен примерок од 1066 испитаници.
Ново на Сител
-

Додик му се заблагодари на Трамп за укинување на санкциите кон него и неговите соработници
-

И во Реал Мадрид има незадоволни
-

Израел соопшти дека ќе го почитува примирјето во Газа по воздушните напади со над 100 жртви
-

САД ги укинаа санкциите против Додик
-

Трамп ги отпушти сите членови на Комисијата за ликовни уметности, која планираше да ги преиспита неговите градежни проекти
-

Германија: Над 22.000 граѓани го промениле родовиот идентитет по олеснувањето на законската процедура
-

Путин: Русија тестираше подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје
-

Доживотно суспендирани ирачите на Беса што го тепаа голманот на ФК Аеродром
