Десетти „Родокрајни поетски средби“ во Струмица
Во организација на Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст - Струмица“ вечер во градот под Цареви кули ќе се одржат јубилејните десетти по ред „Родокрајни поетски средби“.
Станува збор за поетска манифестација која има за цел да ги промовира домашните автори на неформален начин со помош на интеракција и слободен пристап, да ги зближи родокрајните автори и да креира јадро за нивно запознавање, презентација и промоција, како и да и понуди на публиката и автори од Македонија и странство кои досега не настапувале во Струмица.
Покрај локалните автори на десеттото издание пред струмичката публика со поезија ќе се претстават и неколку познати поети на македонската книжевна сцена, а специјален госитн ќе биде Дениса Дуран, поет, преведувач и културен менаџер од Букурешт, Романија. Специјални гости, исто така, ќе бидат и струмичкиот хип хоп состав Конфликт и Ди-џеј Маги со чиј електросет ќе продолжи целовечерната забава.
Родокрајните поетски средби досега биле домаќин на 50-тина локални автори и 10-тина етаблирани поети од Македонија и странство.
Ново на Сител
-
Проекти и ветувања на кандидатите за град Скопје
-
Локални избори
-
Неврологот Игор Кузмановски ќе плати казна од 500 евра бидејќи работел без лиценца
-
Со млаки радијатори почна грејната сезона во Скопје
-
Како ќе функционира „Везилка“
-
Преглед на вестите од светот
-
Уште три дена кампања, лидерите ја заоструваат реториката
-
Ѓорѓиевски најави повеќе мерки за подобрување на образовниот процес