Денови на св. Мајка Тереза во Скопје
Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ од денеска до 5 септември ја организира Манифестацијата „Денови на св. Мајка Тереза“.
Во рамки на манифестацијата денеска ќе биде положено цвеќе пред Спомен-плочата на местото на родната куќа на Мајка Тереза и ќе биде посетена нејзината спомен-соба во Феудалната кула.
Ќе се одржи и ликовна изложба од сликарите Живко Поповски-Цветин, Розе Мојсовска и децата со аутизам од Здружението „Во мојот свет“-Скопје, промоција на музички спот „Еден свет за сите“ од браќата Тавитијан и литературно читање на тема „Големото срце на Мајка Тереза“ со ученици од ОУ „Климент Охридски“ од Бутел.
За време на манифестацијата ќе биде одржана и крводарителска акција, света миса во Католичката црква во Скопје, како и доделување посланија за хуманост и статуетски со ликот на св. Мајка Тереза на хумани граѓани и здруженија.
Ново на Сител
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани