Македонија
3. December 2016 - 8:09

Денеска се празнува големиот чудотворец

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 ноември.

Денеска е Преподобен Григориј Декаполит.

Свети Григориј се роди во Декаполис, во Исаврија. Родителите му беа угледни и побожни луѓе. Кога навлезе во машка возраст, тие сакаа да го оженат, но Григориј побегна во пустина и набргу се замонаши. Неговата слава како подвижник и чудотворец беше голема, насекаде каде што одеше.

Живееше по разни места: во Византија, во Рим, на Олимписката Гора. Каде и да одеше секаде ги восхитуваше луѓето со своите подвизи и чуда. Се случуваше да го огрее небесна светлина; да му се јават ангели Божји. Ја гледаше убавината на ангелите и го слушаше нивното умилно пеење. Поживеа долго и богоугодно и мирно се упокои во 9 век во Цариград, кога се пресели во радоста на својот Господ.