Денеска е Св. вел. мач. Евстатиј Плакида
Тој е голем римски војсководец за време на владеењето на императорите Тит и Трајан. Еднаш, гонејќи еден елен го слушна гласот Господов што го упатуваше да се крсти. Тој се врати од ловот и се крсти заедно со жената и двата сина. Кога дојде на истото место да ми се заблагодари на Бога што го доведе до вистината, пак му се јави гласот Господов и му прорече страдање за Христа. Тој тајно го напушти Рим и се насели во Египет. Кога варварите го нападнаа Рим за време на цар Трајан, овој испрати двајца офицери да го бараат големиот војсководец. По Божја помисла, тие го најдоа во Египет и му го доведоа на императорот. Евстатиј собра војска и ги победи варварите. Во меѓувреме цар Трајан умре и го наследи Хадријан. Кога Хадријан дозна дека Евстатиј е христијанин го фрли заедно со семејството во вжештен метален вол. Третиот ден ги најдоа мртви, но неповредени од огнот. Овој славен војвода го даде „на царот царевото, а на Бога божјото” и премина во вечното Христово царство.
Ново на Сител
-
На полноќ почнува изборната кампања
-
Партиите најавуваат демократски процес
-
Петмина средношколци завршија на штипско инфективно поради труење со храна од сендвичара
-
Колку пациенти по скринингот во Трубарево биле на дополнителни прегледи на Пулмологија?
-
Осветен храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје
-
Вандализиран муралот на Мајка Тереза
-
20 години ОМД
-
Идеологија, солидарност или пари – што ги тера да се борат македонците во Украина и Русија?