-->
-->
Денеска е Св. свештеномаченик Елефтериј
-->
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 декември.
Денеска е Св. свештеномаченик Елефтериј.
Антија, мајката на овој Елефтериј, во верата ја воведе самиот апостол Павле. Во истата таа вера Антија го воспита и својот син. Уште многу млад, на 15-годишна вораст, тој беше ракоположен за ѓакон, а три години подоцна за презвитер. На 20 години беше поставен за епископ на Илирија. Св. Елефтериј се покажа достоен за висината на својот чин и гласот за него брзо се рашири на сите страни. За него се слушна и во Рим. Тогашниот император Хадријан го повика во Рим и после многу измачувања го погуби. Свети Елефтериј пострада во 120 година. Неговите мошти се чуваат во Рим, во црквата Света Сусана.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ребаланс на Буџетот кон крајот на јуни
-
Во сообраќајка загина 33-годишен мотоциклист од Кичево
-
Мицкоски најавува средба со семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
Поевтинуваат горивата
-
Студенти од Турција ограбиле таксист во Скопје
-
24-годишен охриѓанец со стаклен предмет нападнал маж од Скопје
-
До крајот на неделата СДСМ со првите кандидати за градоначлници
-
Приведени четири лица, возеле со брзина поголема од дозволената