Ден на одгледувачите на овци „Маврово - Ростуше 2016“
Со дегустација на традиционални бели овчи сирења, попладнево почнува неофицијалниот дел од 11. Ден на одгледувачите на овци „Маврово - Ростуше 2016“.
Манифестацијата продолжува утре, со прогласувањето на најдобрите производители и официјалната програма која предвидува изложба на шарпланинци, натпревари во стрижење и молзење овци, избор на најдобар овен, презентација на производи од волна,...
Овчарските денови традиционално ги организира Регионалното здружение на одгледувачи на овци од Западна Македонија, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Годинава за оваа намена се обезбедени 300.000 денари.
Манифестацијата ќе се одржи во ски-центарот Маврово, а организаторите најавија и т.н. овчарска закуска за 200 лица.
Ново на Сител
-
Кошта: Време е ЕУ да ги исполни ветувањата кон Западен Балкан
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД
-
Како да се спречи одливот на работници?
-
Од Скопје ќе се лета до Париз и Женева – Воведени две нови авиолинии
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот