Демир Капија ќе бира најдобар закројувач на винова лоза
Демир Капија ќе бира најдобар закројувач на винова лоза, како и најдобри домашни вино и ракија. Како што информираа денеска од службата за односи со јавноста при локалната самоуправа, натпреварите се во рамките на традиционалната манифестација „Недела на традицијата Свети Трифун 2016”.
- Настанот е во организација на демиркаписката општина и Центарот за едукација и вмрежување во туризмот ЦЕНЕТ. Ќе се одржи во чест на верскиот празник и светецот кој се смета за заштитник на лозарите, а се слави на 14 февруари. Закројувачите на винова лоза ќе си ги одмерат силите ден пред Свети Трифун, кога и ќе се изберат најквалитетните вино и ракија, од претходно земени мостри од производителите натпреварувачи, соопштија од службата за информирање при општината.
Наградите за најдобрите ќе бидат доделени на централната манифестација, која вообичаено е посетена од голем број домашни и странски гости.с
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Митинг на СДСМ
-
Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ
-
Скапата терапија проблем за лицата со ретки болести
-
Преглед на вестите од светот
-
Ветото ја кочи ЕУ, отпор кон предлогот на Кошта за квалификувано мнозинство
-
Советниците на Град Скопје ја завршија последната седница за нецели 5 минути и заминаа на коктел
-
Мицкоски и Филипче се обивнуваат за црна кампања