Дебарските гимназијалци протестираа, од понеделник почнуваат со настава со физичко присуство
Учениците од Средното општинско училиште „28 Ноември“ во Дебар одржаа протест во дворот на училиштето, во знак на незадоволство од одлуката за онлајн настава.
Пред учениците се обрати директорот Рамадан Имери, кој најави дека и покрај одлуката за онлајн настава, од понеделник во оваа образовна институција ќе се реализира настава со физичко присуство на учениците.
-Драги ученици, како директор на училиштето, по барање на Советот на родители, но и потписите од ваша страна, требаше да се донесе храбра и мудра одлука. Затоа ве информирам дека од понеделник 5 октомври почнуваме со настава со физичко присуство и тоа во две смени, со запазување на сите протоколи, рече Имери.
Според него, во понделеник прва смена настава ќе следат сите ученици од паралелките со настава на македонски и оние од прва година на албански наставен јазик, додека во 12 часот почнува втората смена во која настава ќе следат учениците од втора до четврта година со настава на албански наставен јазик.
Тој потсети дека заедно со колективот ги исполниле сите услови барани од МОН, а потврда за тоа е позитивниот одговор од Државниот инпекторат за образование, но на крај „добивме одговор дека наставата треба да се изведува онлајн“ што е, вели, несветливо ниту за нас ниту за учениците.
Учениците носеа само една парола на која пишуваше „Стоп за онлајн настава. Ковид-19 не може да не спречи да бидеме присутни“.
Во гимназијата во Дебар, заедно со подрачните паралелки во село Могорче, настава на македонски и албански наставен јазик следат 584 ученици, од нив 156 се во прва година.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Кртови кои ги издаваат полициските акции ќе има уште кратко и сите ќе одговараат
-
Мицкоски очекува Ахмети да биде повикан на распит за да каже каде е Груби
-
Реновиран дел од Клиниката за психијатрија
-
Земјоделците ја поздравија исплатата на заостанатите субвенции
-
Преглед на вестите од светот
-
Ахмети: Груби не е во бегство, но нема да се појави пред одмаздничка правда
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска комисија
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство