Дали плачењето навистина може да ја намали болката?

Советот „Исплачи се, ќе ти биде полесно‟ сме го слушнале многу пати, но малкумина се прашале дали постои медицинско објаснување кое би го поддржало ова тврдење.
Откако церебрумот ќе регистрира тага, реагира ендокриниот систем, кој во окуларниот дел од главата испушта одредени хормони кои доведуваат до формирање на солзи.
Според верувањето на некои експерти, во време додека луѓето се под стрес овие супстанции се наталожуваат, а со плачење телото се ослободува од токсини и отпадни продукти, што ги навело на заклучокот дека пуштањето солзи е многу корисно за здравјето.
Меѓутоа, дали во нив има и материи кои ги намалуваат болките?
Интересно, неколку истражувања во чии рамки е анализиран составот на базалните, рефлексните и емоционалните солзи, докажале дека тие се разликуваат.
Рефлексните солзи главно се состојат од 98 отсто вода, а во емоционалните солзи се наоѓаат многу други супстанци, во различни концентрации. Една од нив е пролактинот, најпознат по тоа што има важна улога во создавањето на млеко кај доилките. Тука се и ендокрините хормони, кои укажуваат на високо ниво на стрес. Уште една хемикалија која може да се најде во ваквите солзи е леуцин-енкефалин, неуротрансмитер кој ја намалува болката и го подобрува расположението.
Меѓутоа, многу научници истакнуваат дека истражувањата во оваа област е вршена на мали примероци и дека треба да се спроведат уште испитувања пред да се донесе конечен суд за тоа дали солзите кои течат поради силни емотивни реакции навистина се „лековити‟.
Емоционалното плачење се разликува од рефлексните солзи, кои се појавуваат кога окото се иритира од некој надворешен фактор, како што е чад, кромид или многу силен ветер. За разлика од нив, базалните солзи окото ги создава за да не дојде до сушење и содржат вода, хранливи материи и дури антибактериски компоненти.
Теоријата дека плачењето може да делува позитивно на човечкото тело во многу земји е општо прифатена, па на пример во Јапонија се организираат „клубови за плачење‟ во кои катарза предизвикуваат тажни филмови, телевизиски емисии и книги.
Нешанл Џеографик - Вашингтон
Ново на Сител
-   
           ДУИ прогласи победа на локалните, бара предвремени избори - ВРЕДИ за 2 круг ќе остават гласачите сами да одлучуваат
-   
           Со булдожери се чисти ѓубрето низ Скопје, Комунална хигиена се прави дека не ги гледа
-   
           ИЈЗ: Стабилна е епидемиолошката состојба - нема зголемен број на болни поради отпадот по улиците во Скопје
-   
           Проекти и ветувања на кандидатите кои влегоа во втор круг во трка за градоначалнички функции
-   
           Неврологот Игор Кузмановски ќе добие лиценца откако ќе помине обука со ментор и ја докаже стручноста
-   
           Удар врз металската индустрија од новата давачка од Унијата – „Загадувачот плаќа”
-   
           Преглед на вестите од светот
-   
           Мицкоски до Вреди: Нема да ја заборавиме жртвата која ја дадовме на овие избори, а за возврат не добивме ништо



