Живот
4. May 2018 - 21:42

Дал отказ и последните 93 евра ги вложил во својот сон - денес заработува 40.000 евра месечно

Џони Вард (33) е Ирец кој го обиколува светот и заработува од тоа, поточно од рекламите на својот блог, каде што објавува и кои се земји и места ги посетил.
 
Потекнува од сиромашно ирско семејство, а за да заврши факултет, заработувал како доброволец при тестирање лекови. Работел како наставник по англиски јазик во Тајланд и во Австралија...
 
- Дадов отказ од работата во Сиднеј поради желбата да патувам по светот и да бидам блогер. Кога ми се јавија огласувачи по шест месеци, мислев тоа пријателите ме зафркаваат, но за среќа, мојата сомничавост не ги одврати огласувачите, па на крајот и се договоривме за соработка, раскажува авантуристот. 
 
Така почнало се. Се повеќе огласувачи посакале да се рекламираат на неговиот блог, и така неговото хоби досега му донело заработка од 1,75 милиони евра. Но, сето тоа има и негативни страни..
 
 Најморничаво беше она кога пукаа во човек пред мене, 20 минути откако слетав во Ангола, се присеќа Џони. 
 
Освен својот, вели дека покренал и уште неколку други блогови, вработил повеќе луѓе и набрзо почнал да заработува повеќе од 40илјади евра месечно.