Да нема манипулации при откупот на грозјето, порачаа лозарите
Да нема манипулации со шеќерните единици кои се бараат при откупот на грозјето, јавно побара денеска Дане Јошев, претседател на регионалното ЗдружениеТиквешки лозароовоштари.
Оваа негова изјава следуваше откако синоќа неколкумина разочарани лозари го истурија своето грозје пред откупен пункт, во знак на револт, од, како што рекоа, манипулациите со кои се соочуваат при гроздоберот.
Јошев нагласи дека на терен, некои од откупувачите не ги почитуваат претходно неформално договорените цени за килограм грозје. Тој апелираше на зголемена инспекциска контрола на терен, со цел, како што додаде, да престанат малверзациите кон лозарите при откупот на нивното грозје.
Од винарницата „Тиквеш“ синоќа информираа дека биле доведена во ситуација привремено да го прекинат откупот на грозјето, иако е единствената винарница во земјава која оваа година дефинираше највисока цена, ја почитуваше договорената цена за откуп на вранецот и смедеревката, факт кој јавно го потврдија и актуелниот градоначалник на Кавадарци и претставникот на здружението на лозарите.
– Ваквиот прекин беше предизвикан од неколкумина поединци кои на крајно некоректен и насилнички начин го блокираа влезот на винарницата и со тоа им попречија на над 200 вистински лозари кои денеска беше планирано да го предадат своето грозје во „Тиквеш“. За да биде ситуацијата уште поапсурдна, поединците кои насилно и на највулгарен начин го блокираа влезот во винарницата и притоа нанесоа материјална штета, всушност се обиделе да манипулираат со квалитетот на грозјето кое имале намера да го предадат во „Тиквеш“, се додава во вчерашното соопштение.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ ја „освои“ Атина и 101.турнир во својата кариера
-

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката
-

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември
-

Договор Унгарија-САД: Изземање од санкции за руски енергенси, Будимпешта купува американски ЛНГ
-

Протест во Тузла, се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички
-

Ѓорѓиевски: Се чисти кејот на Вардар, се поставуваат украсни канделабри на плоштадот „Македонија“
-

ЕУ ги осуди израелските напади во Јужен Либан и повика на почитување на примирјето со Хезболах
-

Руте: Нуклеарните вежби покажаа дека НАТО има силни сили за одвраќање
