ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
Во изминатото деноноќие изгаснати се 27 пожари на отворен простор, а четири се ставени под контрола. Активни пожари има во село Нивичино, општина Василево, во село Грешница, општина Македонски Брод, меѓу прилепските села Царевиќ и Смолани и во село Виштица, општина Липково.
Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е ставен пожарот во општина Велес, кај селата Џидимирци – Крушје – Иванковци, во село Николиќ, општина Дојран, во општина Демир Хисар, кај градската депонија и во општина Македонски Брод, кај селата Црешнево, Локвица и Крапа.
По три пожари се изгаснати во општините Ранковце и Куманово, а два во општина Липково. Изгаснати се пожарите и во општините Старо Нагоричане, Кратово, Јегуновце, Теарце, Тетово, Свети Николе, Битола, Карбинци, Штип, Делчево, Росоман...
Во општина Аеродром изгаснат е пожарот на улица „Гаврил Константиновиќ“, каде гореше ниска вегетација, во општина Гази Баба – кај стрелиште Камник, во општина Сарај - крај Вардар, а во општина Бутел – населба Визбегово. Во општина Ѓорче Петров се изгаснати два пожара, на влезот во населбата Ѓорче Петров и на улица „Васил Чакаларов, во општина Илинден, кај индустриската зона.
МИА
Ново на Сител
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција
-
Ристески: Сушата ќе го намали родот на тутунот за над 30%, ќе има само околу 18 милиони килограми
-
Преглед на вестите од светот