Црквите во Грција пред Велигден затворени за верниците

Оваа недела пред Велигден, црквите во Грција ќе бидат затворени за верниците, а Светиот Синод ги охрабрува сите верниците да останат дома, посветени на домашна молитва, вели митрополитот Јеротеос , претставникот за медиуми на Грчката Православна црква во денешните информативни емисии на телевизиите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Изјавата и појаснувањата доаѓаат откако грчките медиуми објавија циркулар од Светиот синод на ГПЦ испратен до соборните храмови во Грција со упатства во пресрет на Велигден и акцентот го ставија на делот во кој пишува дека црквите, неделата пред Велигден ќе бидат отворени од 11 до 13 часот , а на Велики Петок од 13.00-17 часот.
Митрополитот Јеротеос објасни дека станува збор за препораки наменети за свештените лица, а не за верниците, за кои црквите ќе бидат затворени.
– Под актуелните околности, Светиот синод не охрабрува ниту еден верник да дојде во црква. Црквите не се отворени за верниците и ова е значењето на литургии „зад затворени врати“, соопштуваат од ГПЦ, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.
Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, околу конкретното прашање, рече дека црквата покажува одговорна позиција, а владата е во постоја контакт со Светиот синод за да се спречат било какви собири во деновите пред Велигден.
-Во однос на работното време, разгледуваме различни прашања за да не се создаваат гужви, потсетувајќи дека не постои специфична одредба за движење во црквите. Но, патем, кога некој ќе излезе од дома од оправдани причини, може да помине и за индивидуален обред во локалната црква, рече Пецас.
Ново на Сител
-

35 лица седнуваат во судница, почнува судењето за пожарот во Kочани
-

ВМРО-ДПМНЕ бара реформирање во судството
-

Зголемен водостојот на Вардар и Радика, УХМР апелира на внимателност
-

Во тутунскиот комбинат во Прилеп започна предвремениот откуп на тутунот
-

Еден универзитет за сите членки на Европската алијанса на универзитети
-

Преглед на вестите од светот
-

Шефот на германската дипломатија пристигна во Скопје на средба со министерот Муцунски
-

Тема на денот со Азир Алиу, министер за здравство
