Ципрас: Зацврстувањето на односите со Русија е стратешки избор на Грција
Грција и Русија синоќа усвоија заедничка политичка декларација на крајот од средбата меѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и рускиот претседател Владимир Путин во Атина.
Двете страни исто така потпишаа договор за основните услови за испорака на сирова нафта и нафтени производи. Договорот го потпишаа претседателите на „Росњефт“ Игор Сечин и компанијата „Хеленик петролеум“ Јоргос Стергиулис.
Грчката и руската Влада усвоија и заедничка декларација за партнерство, план за руско-грчките односи во сферата на земјоделството и туризмот.
- Сакам да потенцирам дека зацврстувањето на односите со Русија е наш стратешки избор. Имаме историски, блиски верски и духовни врски. Пред нас е можноста да го надградима економското партерство, да ја зголемиме стабилноста во регионот и во светот, истакна Ципрас.
Тој додаде дека Грција може да биде мост за соработка меѓу Европската унија и Русија.
Ново на Сител
-
Мурал од Полска како вечен потсетник за поддршката на македонската ЕУ интеграција
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Фетаи и Алиу со ново крило во ВРЕДИ
-
ВМРО-ДПМНЕ го одби повикот на Филипче за лидерска средба
-
Креативна дипломатија во Виена!?
-
И покрај зголемените казни, пиротехника користена во спортска сала
-
ЕУ со хуманитарна трка за Кочани
-
Да не бидеме пасивни набљудувачи на врсничкото насилство