Човекот со стапот тврди: Не го видов Зоран на насипот
Канис Веселиновиќ (64), е „човекот со стапот“ кој го собори алибито на Зоран Марјановиќ, вдовецот на убиената пејачка Јелена Крсмановиќ (33) кој во полиција тврдеше дека Канис го видел на насипот, додека неговата сопруга трчала.
За Канис, кобната сабота на Јелена била вообичаен ден, кој по ништо не го запаметил.
-Таа сабота бев во Борча во продавница. Се вратив со автобусот на линијата 104 и излегов на последната станица, кај стадионот во Црвенка, вели Канис Веселиновиќ (64) викан Буцо.
-Од станицата тргнав пешки дом. Одев по вообичаениот пат, покрај насипот, преку мостот. Се движам поспоро со помош на стапот зошто имав скршеница на левата нога, а коската не ми зарасна добро, па нозете брзо ми се заморуваат и отекуваат. Гледав во земја, никого не видов, тврди Канис.
Но тој не може да прецизира во кое време поминувал покрај насипот, освен дека било приквечер.
-Незнам точно колку беше часот. Часовник, како што гледате немам, а ни мобилниот телефон не го носам, зошто неколку пати ми паѓаше во вода. А немам ни причина ни да знам колку е часот зошто никаде не брзам, објаснува Буцо, кој веста за убиството на пејачката ја слушнал дури неколку дена потоа од телевизија.
Тој и соседот во чиј двор го затекнале новинарите, се изненадиле кога им било речено дека е најдено телото на убиената пејачка, зошто мислеле дека е на сосема друго место, покрај рампата за песокарата.
Канис, беше испрашуван во полиција, а бил и на полиграф.
-И на инспекторите им го реков истото, во саботата не видов никого. А ми беше многу нелагодно на полиграф. Сешто ќе ви помине низ глава кога ќе седнете на тој стол, вели Канис за кого полиграфот потврди дека ја говори вистината, пренесува Блиц.
Во населбата Црвенка, во близина на местото каде е најдено телото на убиената пејачка, и вчера беа инспектори кои го чешлаа теренот, а според зборовите на мештаните, повторно некои ги однеле на сослушување иако пред 10 дена веќе дале изјава.
Ново на Сител
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември