-->
-->
Четворица мртви во верижен судар на осум возила во Англија
-->

Една 45-годишна жена и три малолетни деца, на возраст меѓу 11 и 13 години, загинаа во верижна сообраќајна несреќа што се случи на автопатот во англиската област Беркшир.
Во сударот учествуваа осум возила, од кои четири камион и четири патнички автомобили.
Сите четири загинати лица патувале во едно од возилата.
Полицијата соопшти дека едно лице е повредено и пренесено во болница, но без повреди опасни по животот, додека други 11 лица кои патувале во возилата вклучени во сударот, побарале лакарска помош, но сите имаат само лесни повреди.
Засега не се знае како дошло до верижниот судар, но еден 30-годишен маж е уапсен, откако полицијата го обвини за опасно возење.
Сударот предизвика застој во патничкиот сообраќај во областа Беркшир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
