Четири лица повредени во сообраќајка на патот Неготино - Кавадарци
Четири лица се здобиле со телесни повреди во синоќената сообраќајна несреќа на регионаниот пат Неготино - Кавадарци, кај меснота „Криво мовче”.
Како што потврдија утринава од полицијата за МИА, во несреќата учествувале три возила од кои две патнички и едно товарно.
- Сообраќајката се случила околу 20:30 часот. Поради недржење на правец и страна на движење, патничко моторно возило „Фолксфаген голф” удрило во товарно моторно возило влекач „Ман” со полуприколка и патничко моторно возило “Опел корса”, кои му доаѓале од спротива. Повредени се двајца патници во голфот и исто толку во опелот корса, соопшти Дејана Недељковиќ, советник за односи со јавност при Секторот за односи со јаност во МВР на РМ.
Увид на лице место извршила екипа на полициското одделение за безбедност во патничкиот сообраќај Неготино, по овластување на јавното обвинителство од Кавадарци.
Ново на Сител
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано
-
Од 200 повредени во пожарот во Кочани 12 се уште се на болничко лекување, 1 и понатаму е во тешка состојба
-
Салиу: Не сум виновен за трагедијата
-
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за Филипче
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија