Чествување на Денот на македонскиот јазик и 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик
Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје денеска организира чествување по повод Денот на македонскиот јазик и 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.
По тој повод ќе се обратат проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, ректорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, проф. д-р Искра Пановска-Димкова, раководителка на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, проф. д-р Веселинка Лаброска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, дописен член на МАНУ.
Според агендата, предвиден е настап на музичкото трио „Trio Gentlemen“ со изведба на композициите „Јовано, Јованке“ и „Тајно моја“, како и рецитал на учениците Саша Димитриевска од ОУ „Гоце Делчев“ – Скопје со „Кога ја љубев Дениција“ од Петре М.Андреевски и Нина Ламева од ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје со „Нашинска“ од Гане Тодоровски.
Ќе биде презентирана и кратка најава на документарниот филм со наслов „Аз, буки, веди“, кој е направен во соработка со ПСУ „Јахја Кемал“ – Тетово.
На 5 мај 1945 година е објавена и озваничена македонската азбука со Решение за македонската азбука. Кодификацијата на македонскиот јазик е направена со Одлука на АСНОМ на 2 август 1944 година. Со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а на 7 јуни истата година е усвоен и правописот на македонскиот јазик.
Потоа следуваат и основоположничките дела на великанот на македонскиот јазик и наука за јазикот, Блаже Конески: Граматиката на македонскиот јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик, со што се заокружува кодификацијата на македонскиот јазик.
Ново на Сител
-
Нуркачи ќе го чистат охридското езеро
-
Русија ги нападна Одеса и Харков пред најавеното примирје од Путин
-
Приведено лице од дебарско, управувал возило со 2,41 промили алкохол во крвта
-
Грк уапсен на ГП Богородица, поседувал 276 штеки цигари и 20 пакувања тутун без документација
-
Приведен грчки државјанин на ГП Табановце, во неговото возило е пронајдена марихуана
-
59 годишник допирал по тело малолетник во парк во Чаир
-
Зајакнување на оперативната соработка и заедничко профилирање на ризици со Царината на Турција
-
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре во официјална посета на земјава