Честитка од Божиновска по повод еврејскиот празник Рош Ашана
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска испрати телеграма со честитки до претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо - Николиќ по повод еврејскиот празник Рош Ашана.
Рош Хашана, стои во честитката, традиционално го одбележува почетокот на новата година и претставува почеток на деновите на молитви, простување и покајување.
- Рош Хашана претставува симбол за нов почеток и духовна обнова на светот, кога не престануваме да се надеваме во светлата иднина, и во изградбата на едно подобро и попросперитетно општество. Во таа насока Ви посакувам новата година да Ви подари изобилство на среќа, мир и топлина во Вашите домови што би бил достоен поттик за духовен раст, взаемно почитување и продлабочување на дијалогот помеѓу верниците од различните религии, како и со сите луѓе со добра волја. Поздравувајќи Ве со традиционалниот еврејски поздрав Ле Шана Това Тикатеву, Ви посакувам просперитетна и плодна година исполнета со многу љубов и благодети, се вели во честитката од Божиновска.
Ново на Сител
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови