Чешкиот „Блек Хок“ слета на аеродромот Скопје
Чешкиот Блек Хок со седумчлена посада слета на аеродромот Скопје, потврдија од Дирекцијата за заштита и спасување за Сител ТВ Тој утре наутро ќе почне со дејство врз пожарот на планината Готен од беровската страна. Овој моќен хеликоптер е со ведро од 3,4 тона.
Пожарникарите од Чешка ќе помогнат во напорите за гаснење на големите шумски пожари во Северна Македонија, тим експерти патуваат таму денес со хеликоптер „Блек Хок“ со кофа за хеликоптер, изјави Клара Охманова, портпаролка на Генералниот директорат на Чешката противпожарна и спасувачка служба (ХЗС).
Чешките пожарникари веќе им помагаат на своите колеги во Грција и Бугарија.
Хеликоптерот полетал во 10 часот наутро од Мелник, Централна Бохемија, и предмалку слета на скопскиот аеродром.
„Во хелкоптерот се наоѓа тричлен тим од членови на Чешката противпожарна бригада специјализирана за воздушно гаснење пожари и спасување, како и четиричлен екипаж од пилоти и техничари“, рече Охманова.
„Временските услови што моментално преовладуваат во Чешка значат дека ризикот од големи природни пожари во Чешка сега е низок. Затоа можеме да понудиме помош таму каде што ситуацијата е многу посериозна“, рече директорот на ХЗС, Владимир Влчек.
„Доколку ситуацијата се влоши [во Чешка], секако ќе ги намалиме нашите капацитети, но приоритет секогаш останува заштитата на чешкото население“, додаде тој.
Во меѓувреме, утре наутро треба да стигнат и 62 пожарникари со 18 противпожарни возила од Словенија кои исто така ќе гаснат на Готен од страната на Берово.
Ново на Сител
-
Цената на парното останува иста
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пожарите се подметнати
-
Синдикатите, работодавачите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Во Тетово се гради меморијален парк за жртвите во пожарот во модуларната болница
-
Кадарот во хотелско угостителскиот сектор болна тема
-
Заштитена средновековната кула на локалитетот Пирго, дел од одбранбениот систем на Цар Самоил
-
Преглед на вестите од светот
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија