Македонија
30. July 2025 - 11:17

Приведено лице затекнато како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток

Денеска (30.07.2025) околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје - Тетово, после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува пожар.

Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Р.З.(59) од с.Арнакија, општина Сарај, како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ново на Сител