-->
-->
Чави:Роналдо е добар играч ама проблем му е Меси !
-->
Чави Ернандес, легендата на Барселона и шпанската репрезентација, вели дека „проблемот“ на Кристијано Роналдо се вика Лионел Меси.
„Крстијано Роналдо е спектакуларен фудбалер, роден голгетер…Но, проблемот кој го има се вика Лео Меси, најдобриот играч во историјата. Од друга страна, Кристијано е играч кој константно ги тресе мрежите и продолжува да обележува една ера во фудбалот“, рекол Чави.
Поранешниот капитен на Барселона, еден од најдобрите играчи во својата генерација, во последните две години настапува во Катар. Тој не ја исклучува можноста да ја предводи оваа земја како селектор на Светското првенство во 2022 година чиј домаќин ќе биде Катар.
„Тоа секако е добра опција, а потоа се надевам дека ќе се вратам во Барса. Мојот сон е да бидам тренер на Барселона“, заклучил Чави.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици
-
Оваа школска година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици
-
Охрид доби ново училиште
-
Филипче: Не се откажуваме од резолуцијата со црвени линии, до крајот на неделата документот ќе влезе во Собрание
-
Шумските пожари досега предизвикале штета од една милијарда денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња