-->
-->
Цената на нафтата минатата недела зголемена за шест отсто
-->
Цената на нафтата на светските пазари се зголеми за околу шест проценти минатата недела.
Тоа е резултат на нападот со беспилотни летала врз најголемата нафтена постројка на Саудиска Арабија, при што производството беше намалено за повеќе од 5 милиони барели на ден, или пет проценти од глобалното производство.
На лондонскиот пазар цената на барел се зголеми за 6,7 проценти минатата недела на 64,30 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 5,9 проценти на 58,10 долари. Тоа е најголем неделен скок на цените од јануари годинава.
Претходно минатата недела, цените на нафтата скокнаа повеќе од 20 проценти во услови на стравувања од остар пад на снабдувањето со нафта по нападите врз два саудиски погона на 14 септември, како и геополитичките тензии предизвикани од нападите.
Подоцна, цените на нафтата се намалија бидејќи Саудиска Арабија соопшти дека ќе го продолжи производството во оштетените постројки до крајот на месецот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица