Живот
23. November 2017 - 12:08

Целосно голи на вечера: Во Париз отворен нудистички ресторан, ѕирнете во него

Франција е светски позната по опуштеното однесување на нејзините државјани, а ширум земјата постојат десетици нудистички  кампови, плажи и базени.

Сепак, сега во Париз е отворен првиот ресторан во кој луѓето можат да ја конзумираат својата храна потполно голи.

Ресторанот под назив "O'Naturel" се наоѓа во 12. округ во францускиот главен град, а е отворен минатиот цетврток.

Во ресторанот има место за околу 40 гости, а цената на најевтиниот оброк е 30 евра.

По влегувањето, од гостите се бара да ја соблечат целата облека и да ја остават во гардеробата на ресторанот.

Сепак, минувачиоте од улица не е се во можност да фрлат око на посетителите во ресторанот зошто погледот од улица е блокиран.