Царински инспектори открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар
Метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана се пронајдена при претрес на стан во Гостивар каде престојувала студентка, државјанка на Република Турција.
Како што соопшти Царинската управа, инспектори од Одделението за истраги при претресот извршен по налог на надлежното обвинителство, биле пронајдени шест таблети од психотропната дрога метилендиоксиметамфетамин (MDMA), 1,63 грама мефедрон, марихуана и десет семки од канабис.
-Во текот на предистражната постапка е утврдено дека студентката примила авионска пратка испратена од физичко лице од Белгија, заведена како „нотес“. По приемот на пратката, осомничената ја отворила и од неа ја извадила дрогата. Во истиот момент, царинските инспектори, со налог на јавен обвинител, извршија претрес, при што е пронајдена дрогата, се наведува во соопштението.
Со наредба на јавниот обвинител, запленетите супстанци се доставени на вештачење во Министерството за внатрешни работи, каде е потврден нивниот хемиски состав.
Против осомничената е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гостивар за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Ново на Сител
-
Проекти и ветувања на кандидатите за град Скопје
-
Локални избори
-
Неврологот Игор Кузмановски ќе плати казна од 500 евра бидејќи работел без лиценца
-
Со млаки радијатори почна грејната сезона во Скопје
-
Како ќе функционира „Везилка“
-
Преглед на вестите од светот
-
Уште три дена кампања, лидерите ја заоструваат реториката
-
Ѓорѓиевски најави повеќе мерки за подобрување на образовниот процес