-->
-->
Букурешт бара стационирање на бригада на НАТО во Романија
-->

Романскиот премиер Дачијан Чолош денеска од Министерствата за одбрана и за внатрешни работи побара да изработат план за формирањето на мултинационална поморска и воздухопловна бригада на НАТО, што би била лоцирана во Романија.
Како што јави Аџерпрес, Чолош побарал планот да биде изработен до крајот на август, со цел да се запази крајниот рок за формирање на бригадата - април 2017 година.
На вчерашната седница на романскиот Врховен совет за национална одбрана, претседателот Клаус Јоханис изјави дека најмалку шест сојузници од НАТО пројавиле интерес за учество во бригадата.
Чолош побара од министерот за надворешни работи Лазар Команеску да воспостави контакт со сите земји кои се подготвени да учествуваат во бригадата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ: Фирма со 2 вработени добила 9 милиони евра државни тендери за 6 месеци
-

ВМРО ДПМНЕ обвинува за криминал
-

Илир Демири од алијансата на Села ќе делува како независен пратеник
-

Пензионерите поделени околу протестот пред Уставниот суд
-

Во Клиниката во Козле хоспитализирани 60 деца со респираторни инфекции
-

Јаневска: Проблемот со петките во Македонија е сериозен
-

Традиционалната книга не изумира
-

„Марш на ангелите“ во Кочани
