-->
-->
Бугарскиот Врховен судски совет го разреши главниот обвинител Иван Гешев
-->
По предлог од четворица членови на бугарското Јавно обвинителство вчера Врховниот судски совет на пленарна седница предвремено го разреши од функцијата главниот обвинител во земјата, Иван Гешев, поради говор што му штети на престижот на судството.
За предлогот гласаа 16 членови на советот, додека четворица беа против.
Гласањето се одржа во отсуство на јавниот обвинител.
Иван Гешев ја презеде функцијата главен обвинител на почетокот на 2020 година. Неговиот мандат е седум години. За да биде сменет од функцијата потребно е Врховсниот судски совет да ја испрати подлуката до шефот на државата и тој да потпише указ за разрешување од функцијата „Главен обвинител“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Училиштата ќе се финансираат според реалниот трошок за образование на еден ученик
-
Нелојалната конкуренција и нерегулираниот работен статус проблеми за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
Мицкоски: 2 август – Денот на Републиката е ден на обединување