Бугарија на техничко ниво ги заврши преговорите со ЕК за Националниот план за обнова и развој
Бугарскиот премиер, Кирил Петков, на својата официјална страница на Фејсбук соопшти дека земјата го завршила техничкото ниво на преговорите со Европската комисија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков во постот на Фејсбук наведе дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен наскоро ќе допатува во Бугарија за да го потпише Националниот план за закрепнување и одржливост.
На објавата тој додаде и заедничка фотографија со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен.
Петков се заблагодари на целиот тим од бугарските министерства за финансии, правда, енергетика, како и на сите други министерства кои многу напорно работеле за да се постигне Планот и да се постигне овој напредок.
Според Планот за закрепнување и одржливост, Бугарија првично треба да добие седум милијарди евра од ЕК и уште 3,5 милијарди евра заеми.
Ново на Сител
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици
-
Оваа школска година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици
-
Охрид доби ново училиште
-
Филипче: Не се откажуваме од резолуцијата со црвени линии, до крајот на неделата документот ќе влезе во Собрание
-
Шумските пожари досега предизвикале штета од една милијарда денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња