-->
-->
Брнабиќ: Првите вакцини против Ковид-19 во Србија пред крајот на годината
-->
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека првите вакцини против коронавирусот ќе бидат доставени во Србија пред крајот на годината, односно дека Србија сепак ќе биде една од првите земји што ќе добие вакцини, јави дописникот на МИА од Белград.
Брнабиќ по посетата на работите на Моравскиот коридор, рече дека нејзината неодамнешна изјава за вакцините не е добро протолкувана во медиумите, односно дека кажала дека само една компанија има наведено дека Србија може да добие вакцини дури во декември 2021 година.
– Разговараме со сите компании, Србија не е земја како што беше порано, туку земја што денес има политичка сила и кредибилитет. Таа вакцина навистина ќе ја имаме во декември оваа година, порача српската премиерка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска
-
И годинава ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа
-
Македонија шеста во светот по странски инвестиции според големината на економијата