Британија се подготвува да го покани Трамп во државна посета
Британската влада соопшти денеска дека ја испитува моѓнста да го покани новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, во државна посета на Велика Британија, уште во текот на идната година.
Трамп ќе биде инаугуриран како нов претседател на 20 јануари, од кога победникот на изборите во САД ќе влезе во Белата куќа, па официјален Лондон настојува тој да дојде во Британија.
На почетокот од оваа година, британскиот Парламент водеше дебата околу тоа на Трамп да му се забрани влез во земјата, поради неговите антиимиграциски настапи и отвореното антимуслимански позици во текот на предизборната кампања.
Владата на премиерот Тереза Меј, во која се наоѓаат најголемиот број од министрите кои и тогаш беа во владиниот кабинет, сега инсистираат на традиционалните „специјални односи„ меѓу Британија и САД, па затоа веруваат дека брзата државна посета на Трамп на Лондон , ќе ги зацврсти таквите врски.
„Државната посета на Трамп (по инаугурацијата) е работа што владата ја испитува и за која се подготвува, за да се реалиира уште идната година„- рекол претставник на Даунинг стрит 10, за лондонските медиуми.
Државните посети ги предлага Форин Офисот, а за нив формален домаќин е британската кралица, а не премиерот. Странскиот државник кој е гости во државна посета, има и поинаков третман, па тој прстојува во Бакингамската палата, што е резиденција и на кралицата, а не во замокот Виндзор, каде обично се отседнува за службен посети.
Актуелниот претседател на САД, Барак Обама беше во државна посета на два пати- во април оваа година, а пред тоа во 2011 година.
Опозицијата и нејзните медиуми сметаат дека британската влада пребрзано верува во „специјалните врски„ потсетувајќи дека таа квалификација ја одбегнуваа Обама и неговата админстрација, а сега не ја споменува никој од најлиските соработници на Доналд Трамп.
Ново на Сител
-
Се претставил како полицаец и ѝ рекол дека ќерка ѝ прегазила дете, 72-годишна жена измамена за 9.700 евра
-
Работник загина на градилиште во Охрид
-
Пиштол пронајден на Јабланица на граничната линија со Албанија
-
Поранешните директори осудени по 1,5 година затвор за пожарот во модуларната болница
-
Сè поголем број ментални заболувања кај младата популација, посета на психолог и психијатар сè уште табу тема
-
Вкупно 2018 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 256 за брзо возење
-
Видевски не бил на работно место на денот на грабнувањето и убиството, пронајдената чаура не може да се спореди
-
Следува период на претежно стабилно време, до понеделник пониски утрински температури