Британец и Французин уапсени зашто се сликале голи на Мачу Пикчу
Еден Британец е уапсен во Перу, затоа што бил фатен како се слика целосно гол меѓу остатоците на некогашниот град-светилиште Мачу Пикчу во перуанскиоте Анди, соопшти британскиот Форин Офис.
Министерството за надворешни работи во Лондон вели дека ги истражува написите во перуанските весници за инцидентот во кој покрај Британецот бил вклучен и еден француски турист.
Медиумите во Перу пишуваат дека двајцата туристи „соблекле се од себе“, а потоа почнале да се фотографираат со мобилен телефон.
Британецот и Французинот веднаш биле уапсени и задржани на сослушување, а потоа експресно и обвинети за повреда на јавниот морал.
Надгледувањето со камери и контролите на објектите на археолошкиот локалитет значително се засилени од 2014 година, откако перуанските власти констатираа дека забрзано се зголемува бројот на „разголени фотографии“ направени на Мачу Пикчу од бројните посетители од Америка и другите делови од светот.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Дрисла
-
Тема на денот со Радмила Шеќеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички
-
Вицепремиерот Фетаи одби да одговара на прашања на македонски јазик – не го владеел добро