Loading Video...
Спорт плус
6. July 2018 - 14:37

Бразил, Русија и САД во полуфиналето на Светската лига на нации

 
На фудбалскиот стадион „Пјер Муроа“ во Лил, Франција, се игра завршницата од Светската одбојкарска лига на нациите. 
 
Во меч од 2.коло на групата А групата, селекцијата на Бразил убедливо со 3-0 ја победи Србија со што си осигура едно од двете места кои водат во полуфиналето, за кое во директен дуел вечерва (20:45часот) ќе се бодат домаќинот Франција и селекцијата на Србија.  
 
Во групата Б во попладнево (18 часот) ќе играат селекциите на САД и Русија. Двете репрезентации претходно ја победија Полска, па нивниот меѓусебен дуел само ќе решава која репрезентација ќе го освои првото, а која второто место. 
 
Според распоредот, утре ќе се одиграат последните дуели од групната фаза,додека полуфиналните средби се закажани за во сабота, а борбата за медали на програмата е во недела.